• сабота, 29 јуни 2024
МИА Најави МКД
4 ноември 2021  Белград - Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров учествува на иницијативата „Отворен Балкан“, во чии рамки ќе се одржи панел дискусија „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“, по што ќе се одржи пресконференција. (Линк во живо www.tanjug.rs /11:30) Тетово - Постојаниот преставник на УНДП, Армен Григорјан, амбасадорката на Обединетото Кралствo Рејчел Галовеј и ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, Абдулменаф Беџети ќе го отворат првиот Центар за нови вештини #SkillsNext. (Универзитет на ЈИЕ /15:00, сниматели и фоторепортери) Скопје - Јавната дебата на тема „Состојбите во животната средина - управување со отпад“ во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата. (https://us06web.zoom.us/j/82366212429?pwd=VlhsYlpidDFLbEw3WjN1VmYzcTlQQT09 /12:00) Скопје - Конференција на тема „Да се избегне или да се дискутира? Контроверзни теми во училница?“ во организација на Здружението ЛЕАД и Институтот за човекови права. (х.„Мериот“ /10:30) Скопје - Онлајн панел дискусија  „Мажите и грижата: Грижлив маскулинитет во Северна Македонија“, организирана од Реактор – Истражување во акција. (https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_jg6PKXc2Q5KD5MproOIvQ /11:00) Прилеп -  Организацијата на работодавачи на Македонија организира деловен појадок за измените и дополнувањата на трудовата легислатива, конкретно во Законот за работни односи и во Законот за минималната плата. (х.„Кристал Палас“, изјави за медиуми /12:00)
Тетово - Примопредавање на мандатот за градоначалник на Тетово. (Општина Тетово/11:00)
Куманово - Отворање на изложба „15.Фото салон Куманово 2021“ во организација на Фото киноклуб „Којзак“. (Уметничка Галерија/19:00) Скопје - Промоција на книгата „Ловро Матачиќ“ од Ана Видиќ. (Национална опера и балет, фоаје /13:00) Скопје - Промоција на книгата „Разбуди го родителот во себе:како родителството да стане уживање“ на проф. Соња Китановска-Кимовска. (Фејсбук страна на издавачката куќа „Арс Ламина“ /19:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***      

Остани поврзан