• недела, 22 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
21 септември 2022  Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/10:30) Скопје - Комисијата за здравство ќе ги одржи 13-та, 12-та и 18-та седница. (Сала 6/12:00) Скопје - Седница на собрниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/12:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија.(Сала 10/13:00) Словенија - Министерот за правда Никола Тупанчески ќе престојува во официјална посета на Словенија. Тетово - Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, шефот на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир и директорот на националниот парк „Шар Планина“, Ибрахим Дехари ќе се обратат на официјалното започнување на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“. (ресторан Дриада/11:00) Скопје - Затворање на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интегрција за младите во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образовние (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ). (х.„Александар Палас“/11:00) Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 29-та седница. (Уставен суд/9:30) Скопје - Отворање на нова лизинг компанија Стопанска лизинг. (Пред објектот на Стопанска лизинг до споменикот на Мајка Тереза, ул.„Македонија“ бр.16/11:00)
Скопје - Прес-конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ на тема "Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција". (Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ/12:00)
Скопје - Грѓанското здружение Институт за Алцхајмерова болест и Невронаука - Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на Алцхајмеровата болест. (Плоштад „Македонија“/13:10) Скопје - Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ во соработка со воспитно образовните институции ќе спроведе низа различни активности во Скопје, Дебар, Гостивар, Велес, Македонски Брод и Виница. -СМУГС,,Д-р Панче Караѓозов организира марш низ центар на Скопје (13:00)  -Ученичкиот дом "Д-р. Панче Караѓозов" во дворот на Домот (14:30) -Во ООУ Стив Наумов, Скопје, ќе се чита реферат на разглас (9:00-12.00) -ООУ Јашар Беј Шкупи, учениците од три различни паралелки (турски, македонски и албански) ќе реализираат Мировен Марш, приклучувајќи се на средните училишта. (Скопска чаршија и плоштад на град Скопје/13:30) -СОУ,,Ванчо Прке" во Виница ќе реализира активност по повод светскиот ден на мирот - ,,Мировно рандеву" во дворот на училиштето (9:30-11:30) -ООУ ,,Славчо Стојменски" од Виница ќе реализира активност ,,Играме, пееме, твориме, ... за МИР"  во училницата на отворено (амфитеатар) во училишниот двор (11:00)

-Средното економско училиште ,,Гостивар“, заедно со гимназијата ,,Гостивар“ организираат мировен марш под мотото ,,Мирот нема цена“. (Градски кеј/13:00)

-СОУ"Гимназија Кочо Рацин" од Велес ќе реализира Парада на мирот со сите ученици и наставници. (13:30) 

Скопје - Прес-конференција по повод светската премиера на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски. (Музеј на современата уметност/11:00) Скопје - Седмо издание на КРИК фестивал со перформанс „Обука за реанимација“ чии автори се Феликс Фалчик и Јохана Хершел („Deepfake Situations“) од Германија. (Музеј на современа уметност/18:00) Скопје - Изведба на оперската претстава „РИТА“ од Гаетано Доницети. (Национална опера и балет, мала сцена/20:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан