• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
8 септември 2022 Скопје - Одбележување на 8 Септември - Денот на независноста на Република Северна Македонија:
- Претседателот на државата Стево Пендаровски на свечена церемонија ќе одликува со Орден „8 Септември“ четворица македонски спортисти. (Кабинет на претседателот/9:30)
- Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на свечената церемонија на доделување ордени од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски. (Вила Водно/10:00)
- Делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.
- Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди од областа на спортот за 2022 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. (Собрание, кристална сала/12:00)
- Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Марија Георгиевска, Мерита Колчи Коџаџику и Жаклина Пешевска ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски. (Алеја на великаните, Градски гробишта Бутел/8:45)
- Премиерот Димитар Ковачевски со владина делегација во состав Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славјанка Петровска министерка за одбрана, Беким Сали министер за здравство и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски. (Алеја на великаните на Градските гробишта „Бутел“/8:45)
- По повод Денот на независноста - 8 Септември, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната свечена прослава под мотото: „Обединети во слободата“. (Плато кај паркот „Ибни Пајко“/19:30, во живо на македонски јазик/https://youtu.be/61v1UQVTgGI, албански јазик/https://youtu.be/29aWoMZClJs)
 

- Отворен ден на музеите по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата. Ќе бидат отворени за посета археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам. (11:00)

- Театарот за деца и младинци ќе ја одигра куклената претстава „Лакомата Меца“. (Градски парк „Школка“/11:00-14:00)
Скопје - Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела во вечерните часови ќе пристигне во Скопје во рамки на официјалната посета на Албанија и Северна Македонија.
Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР ќе присуствува на планираните вежбовни активности-презентација на опремата и возилата, како и  запознавање на граѓаните одблиску со единиците на МВР, по повод одбележувањето на Денот на независноста 8 Септември. (Градски парк-Школка/12:00, изјава за медиумите/12:30) - Тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи. (Градски парк „Школка“, изјави за медиумите предвидено е да дадат министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски/12:30) Скопје - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски ќе има свое обраќање на затворњето на НАТО – Конференцијата за комуникатори. (х.„Мериот“/15:30, пристигнување на медиумите/15:10)
Скопје - Националната галерија ќе одржи четири настани по повод  Денот на сувереноста, независноста и самостојноста на Република Северна Македонија и македонскиот народ - 8 Септември: - Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски (Даут пашин амам/10:00-18:00) - „Апотеоза на пределот“ на Кирил Гегоски (Чифте амам/10:00-18:00) - „Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ (Мала станица/10:00-18:00) Скопје - Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ќе се обрати на празничниот пикник по повод 8 Септември - Денот на независноста, во организација на општинската организација на СДСМ од Кисела Вода. (Комплекс Пеленица, манастир „Св.Руса“, Драчево, општина Кисела Вода/10:00/ обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски околу 12.30 часот) Битола - Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола со изложба на над 2О детски ликовни дела создадени низ 4О детски ликовни колонии на Малиот Битолски Монмартр ќе го одбележи Денот на независноста - 8 Септември. (Плоштад „Магнолија“/10:00-13:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан