• вторник, 14 мај 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)
20 мај 2021  Скопје -  Собранието на Република Северна Македонија ќе го одржи продолжението на 41-та седница. (Голема сала/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала на Уставна комисија/13:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со полскиот амбасадор, Војциех Тицињски. (Стар кабинет/10:00) Скопје - Премиерот Зоран Заев ќе има обраќање по повод промоцијатa на печатеното издание „Проглас“ од Константин Философ – Св.Кирил и изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“. (Обраќањето може да се проследи на следниот линк: https://youtu.be/u2lHzDqGcGs//11:00) Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на инаугуративниот состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика. (МНР, приземје/11:40, снимање инсерети од страна на медиумите/11:50, изјава за медиумите/12:00) Скопје - Министерот за финансии Фатмир Бесими и академик Таки Фити, член на МАНУ ќе одржат прес-конференција. (ttps://mofmk.webex.com/mofmk/j.phpMTID=mad05d430c536c36d433d000cbf51bb6d/11:00) Велес - Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе ја посети компанијата Лутекс. (село Долно Оризари, општина Велес, https://maps.app.goo.gl/Zrvc1yNEg29LUGMD9/13:00)

Крива Паланка - Вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми ќе извршат увид на рехабилитација на регионален пат Узем-Тораница. егионален пат во близина на н.м Узем, изјави за медиуми/11:00)

Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн ќе присуствуваат на примопредавање на донација на тестови. (Пред модуларната болница при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби/12:30, предвидени се изјави за медиумите) Скопје - Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски ќе присуствуваат на одбележувањето на Денот на пожарникарството. (Двор на Станицата на противпожарната бригада во населбата Автокоманда/10:00) Штип - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во посета на општина Штип. (Посета на компанијата „ЕКО СОЛАР“/11:00, средба со членовите на Здружението за заштита на работнички права „Гласен текстилец“/12:15, изјава за медиуми пред просториите на „Гласен текстилец“, ул. „Сутјеска“ 59/13:30, средба со здравствени и просветни работници во Амфитеатар/15:00) Скопје - Панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ во организација на ЦИВИЛ. (х.Сити Парк спроти Фонтана во Градски Парк/13:00) Скопје - Координаторката на Левица, Жаклина Свеќаровска ќе одржи прес - конференција на тема  „Актуелните соостојби во образованието“. (Перд Министерство за образование и наука/11:30) Скопје - Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ ќе одржи прес-конфереенција. (Простории на здружението, ул. 11ти Октомври бр.17, голема Сала, 2 кат/13:30) Битола - Прес-конференција на битолскиот театар за премиера на перформанс „Молитва по Достоевски“. (Клуб на актери/11:00) Скопје - Директорката на Филозофскиот филмски фестивал Ана Дишлиеска Митова и претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски ќе одржат прес-конференција. (Кинотека на С. Македонија/12:00) Скопје - Предавање Чистата, валканата и хибридната: Eкофеминистички уметнички практики на Сузана Милевска. (https://fb.me/e/2S1yPF45O/20:00) Скопје - Концерт насловен „Данте“. (Филхармонија/20:00) Скопје - Отворање на изложбата на театарски фотографии  „Фаза:Темно" на авторот Драган Гајиќ. (КСП Центар-Јадро (ул. Алберт Ајнштајн 2, Скопје/19:00)   _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини  

Остани поврзан