• четврток, 18 јули 2024

МИА добитник на Наградата за филантропија за 2021 година

МИА добитник на Наградата за филантропија за 2021 година
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Медиумска информативна агенција - МИА е добитник на Наградата за филантропија за 2021 година во категоријата „Награда за медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Македонија“. Наградата свечено ќе и биде доделена денеска во 12:30 часот во М6 Едукативен центар во Скопје. Наградите за филантропија се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија и Балканскиот фонд за демократија. вј/сп/

Остани поврзан