• понеделник, 18 ноември 2024

МЗ: Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар

МЗ: Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Министерството за здравство (МЗ) преку соопштение попладнево информира дека поради дефект на еден од компресорите, во тек на два дена бил одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти. Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар, потенцира Министерството.

- Се работи за дефект на еден од компресорите, поради што многу инструменти зависат од притисок што го генерираат пумпите, затоа во тек на два дена елективниот програм, а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ, каде што е постигнато усогласување и во тек е усвојување план, како ќе се одвива кохортацијата на пациенти кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ, појаснуваат од МЗ.

Компресорската станица требала да биде променета уште пред три години.

- Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени. Апелираме јавноста да се информира исклучиво од Министерството за здравство, а информациите да не се злоупотребуваат од политичките партии со цел собирање на политички поени, истакнуваат од Министерството. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан