• четврток, 21 ноември 2024

МЗ Галичник бара помош од институциите поради присуство на мечки во селото

МЗ Галичник бара помош од институциите поради присуство на мечки во селото

Гостивар, 27 јули 2023 (МИА) - Месната заедница на село Галичник со допис до надлежните институции бара да се надмине проблемот со мечките кои се движат во околината и во селото.

- Би сакале да ве известиме повеќе пати официјално сме се обратиле до  Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство и укажуваме на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник, стои во известувањето потпишано од Александар Костиќ, претседател на МЗ Галичник.

Во дописот се наведува дека одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението и упатуваат апел до надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население како да постапуваат.

Последниот допис, како што се наведува е испратен минатата недела на службениот мејл на Инспекторатот.

Присуството на диви животни и мечки, според Костиќ е забележливо по нивните траги и растурањето на комуналниот смет во кој има и храна. згм/дма/

Фото: МЗ Галичник

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан