• вторник, 14 мај 2024

МЗТ Скопје Аеродром ја врати предноста во финалната серија

МЗТ Скопје Аеродром ја врати предноста во финалната серија
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) – МЗТ Скопје Аеродром дојде на чекор до одбрана на титулата во Првата македонска кошаркарска лига, откако вечерва на домашен терен го совлада Пелистер со 86-62 и поведе со 2-1 во финалната серија до три победи. Победникот на дуелот во салата „Јане Сандански“ го навести веќе првото полувреме во кое МЗТ Скопје стекна предност од високи 54-27, а на стартот на третата четвртина предноста на актуелниот шампион се зголеми на плус 36 поени. Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Никола Милошевиќ со 23 поени. Финалната серија се сели во Битола, каде в петок се игра четвртиот натпревар во кој МЗТ Скопје со евентуален триумф ќе ја завери деветтата шампионска титула во клупска историја, додека Пелистер со победа ќе се избори за мајсторка на 12 јуни во Скопје. ег/вј/

Остани поврзан