• сабота, 13 декември 2025

Меџити ја претстави визијата за високото образование во Чаир

Меџити ја претстави визијата за високото образование во Чаир

Скопје, 9 септември 2025  

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска ја претстави својата визија за високото образование, потенцирајќи го најголемиот инвестициски проект во оваа област – новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во вредност од над 35 милиони евра, се наведува во соопштението од Вреди, што МИА го пренесува интегрално. 

„Денес не зборуваме само за згради и инфраструктура, туку за инвестиција во нашата иднина – во младите, професорите, научниците и генерациите кои ќе ја градат оваа држава. Универзитетот ‘Мајка Тереза’ е институција со
национално значење, но и со регионална и европска улога“, нагласи Меџити.

Тој подвлече дека Чаир веќе се има трансформирано во центар на високото образование за Албанците во главниот град, каде што гравитираат четири универзитети, стотици професори и илјадници студенти. Со новиот кампус, според него, се отвора ново поглавје на академскиот и културниот развој.

„Резултатите зборуваат сами за себе. Денес нашите млади повеќе немаат потреба да заминуваат надвор од државата за знаење – тоа го имаат овде, на мајчин јазик. Ова е и одговор на најголемиот предизвик – емиграцијата: со градење квалитетни универзитети, младите остануваат овде“, рече Меџити.

Во неговата визија, новиот кампус ќе стане центар на иновации, научно-истражувачка работа и меѓународна соработка, со конкурентни програми на европско ниво, двојни дипломи и заеднички проекти со
престижни универзитети.

„Оваа инвестиција треба да се третира како стратешка, еднакво важна како енергетиката или здравството. Меѓународните партнери исто така имаат улога – да го поддржат модернизирањето и интернационализацијата на овој
универзитет,“ додаде тој.

Во пресрет на 10-годишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, Меџити изрази длабока благодарност до професорите, академиците, институциите и граѓаните кои го поддржале проектот.

„Образованието на албански јазик не е луксуз, туку право и реалност. Овој кампус ќе биде место каде што не само што се учи – туку и се создава иднината“, заклучи Меџити.

Вреди 

Остани поврзан