Меџити: Словенија е силен партнер во нашето напредување кон ЕУ
- Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и министер за Животна средина Изет Меџити, оствари средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеж, како и со словенечкиот амбасадор во земјата, Грегор Прескер.

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и министер за Животна средина Изет Меџити, оствари средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеж, како и со словенечкиот амбасадор во земјата, Грегор Прескер.
За време на средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за предизвиците и можностите за европска интеграција, зајакнувањето на билатералната соработка и значењето на регионалната стабилност.
-Словенија отсекогаш била силен партнер и поддржувач на нашата земја и регионот. Нејзината поддршка и искуство се од исклучително значење за забрзување на нашите реформи и напредокот кон ЕУ, истакна Меџити.
Тој го нагласи посветеноста на Владата за „постабилен и интегриран Западен Балкан“, при што ја истакна важноста на соработката со меѓународните партнери во овој процес. аа/мд/
Фото: МЖСПП