• четврток, 21 ноември 2024

Меџити се сретна со регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија Тим Ларднер

Меџити се сретна со регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија Тим Ларднер

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на работен состанок прими делегација од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги УНОПС, предводена од регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Лардднер.
 
Меџити, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, му посака добредојде на Ларднер во нашата земја, истакнувајќи благодарност за соработката и поддршката која УНОПС ја дава за Северна Македонија.
 
- Задоволен сум што заедно реализираме значајни проекти со директно влијание врз заштитата на животната средина, а нашата соработка со UNOPS и проектот „ЕУ за чист воздух“ е важен чекор во нашите напори за борба против загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја, рече Меџити, додавајќи дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите еколошки предизвици со кои се соочуваме, ние како држава и регионот.

- Преку проектот „ЕУ за чист воздух“ на Европската Унија и во соработка со УНОПС, добивме нови можности за имплементација на мерки кои директно ќе влијаат на подобрување на здравјето на граѓаните и создавање почиста животна средина. Како одличен пример за успешноста на соработката е и проектот во ОХИС за санација на малата депонијата со линдан, се согласија Меџити и Ларднер.

Овој проект, како што навел Меџити, е од исклучителна важност бидејќи се занимава со сериозен еколошки проблем, чистење на површина  загадена со штетни органски материи.

Регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија Тим Ларднер на средбата со Меџити изјавил дека УНОПС е подготвен да даде поддршка во евроинтегративниот процес на земјата, во делот на изготвување и реализација на приоритени проекти и активности во согласност со националните приоритети за заштита на животната средина. мд/ац/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан