• среда, 18 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Меџити: Општините се клучен партнер во еколошката трансформација

Меџити: Општините се клучен партнер во еколошката трансформација

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска остварил работна средба со претседателството на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која бил детално презентиран јавниот Конкурс за финансирање на проекти од областа на животната средина за 2025 година.

На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити ја истакнал важноста на локалната самоуправа како столб во реализацијата на клучни инфраструктурни и образовни проекти поврзани со животната средина.

Преку Програмата за 2025 година, се навдува во соопштението, Министерството обезбедува 229 милиони денари, од кои најголемиот дел се наменети за поддршка на водоводна и канализациона инфраструктура – области каде што голем број општини сè уште се соочуваат со сериозни предизвици.

- Општините се нашите најважни сојузници на терен. Тие најдобро ги познаваат локалните проблеми и потреби, и затоа сакаме директно да ги поддржиме со средства за решавање на тие предизвици, истакнал министерот Меџити.

Во рамки на средбата, биле презентирани и критериумите, постапките за аплицирање и поддршката што Министерството ја нуди за успешно подготвување и спроведување на проектите. Било потенцирано дека секоја општина може да аплицира со еден или повеќе проекти, и дека се охрабруваат и заеднички регионални иницијативи.

Претставниците на ЗЕЛС изразиле подготвеност за активно информирање и ангажирање на општините-членки, како и интерес за одржување дополнителни информативни сесии и работилници во наредниот период.

Конкурсот е отворен до 29 април, а сите информации, критериуми и апликациски обрасци се достапни на веб-страницата на Министерството. цр/са/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан