• вторник, 17 март 2026

Меџити: Нов асфалт и урбан стандард на улицата „Методија Митевски“

Меџити: Нов асфалт и урбан стандард на улицата „Методија Митевски“

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, соопшти Општина Чаир.

Оттаму наведуваат дека денеска било извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција, велат од Општината, претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и зголемување на безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот.

Работите, се додава во соопштението. ќе продолжат со завршната фаза, која опфаќа поставување на јавно осветлување, со што просторот ќе стане побезбеден и пофункционален за сите жители.

-Во Чаир се реализираат конкретни проекти. Реални инвестиции и стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор повеќе кон поразвиена и побезбедна општина - истакнал градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

-Во продолжение ќе се работи со ист интензитет и на асфалтирање на другите улици предвидени во рамки на овој проект - се додава во соопштението. ац/са/

Фото: Општина Чаир

Остани поврзан