• сабота, 21 декември 2024

Пуштање во употреба на реновиран оддел во Клиниката за детски болести

Пуштање во употреба на реновиран оддел во Клиниката за детски болести

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - На Универзитетската клиника за детски болести во Скопје денеска ќе биде пуштен во употреба реновираниот Оддел за ревматологија и кардиологија, со донација од „Комерцијална банка“ АД Скопје.

На настанот предвидено е да присуствуваат министерот за здравство Фатмир Меџити, в.д. медицинскиот директор на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. организацискиот директор Аркин Јахији, како и главниот финансов директор и член на Управниот одбор на „Комерцијална банка“ АД Скопје, Маја Стевкова Штериева. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан