Меџити во посета на ГОБ „8 Септември“
- Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ќе ја посети Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје по повод набавката на нова медицинска опрема.

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ќе ја посети Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје по повод набавката на нова медицинска опрема.
Причина за посетата е апарат - системот за навигација на одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот. вј/нд/
Фото: МИА архива