• сабота, 21 декември 2024

Меџик Џонсон: Годинашниот плејоф е најдобриот што сум го видел во последните 10-15 години

Меџик Џонсон: Годинашниот плејоф е најдобриот што сум го видел во последните 10-15 години
Лос Анџелес, 4 септември 2020 (МИА) - Легендата на Лос Анџелес лејкерс Меџик Џонсон, изјави дека ривалството во плејофот 2019/20 е највозбудливото во последните 10-15 години. -Годинашните плејоф-натпревари се најдобрите што сум ги видел во последните 10-15 години. Се чувствува како секој натпревар да се сведува на последните секунди, порача Џонсон на Твитер. За вечер се закажани две средби во второто коло од плејофот: Мајами - Милвоки (2-0 во серијата прв до четири победи) и Лејкерс - Хјустон (0-0). зс/

Остани поврзан