• петок, 05 декември 2025

Меља: Победата му припаѓа на Дебар

Меља: Победата му припаѓа на Дебар

Дебар, 3 ноември 2025 (МИА) - Новиот градоначалник на Дебар, Фисник Меља, кој беше кандидат на ВРЕДИ поддржан од ВМРО ДПМНЕ, попладнево преку објава на Фејсбук им се заблагодари на жителите на оваа општина за поддршката и победата во вториот круг од гласањето.

- Од срце им се заблагодаруваме на сите граѓани на Дебар, на секое семејство, на младите, жените, повозрасните, и пред сè на нашата почитувана дијаспора, која беше нашата сила и инспирација на овој пат.
Оваа победа не е само на Фисник Меља, туку победа на секој дебарчанец што веруваше дека промената е возможна, за секој дебарчанец што гласаше со срце, за работа, развој, достоинство и за иднината на нашиот град и општина. Победи заедничкиот успех на граѓаните, на дијаспората и на секое срце што веруваше во Дебар, стои во објавата.

Порачува дека за Дебар започнува ново поглавје, со доверба, транспарентност и визија.

- Благодарност до секој што придонесе, се ангажираше и веруваше. Заедно ќе го направиме Дебар пример за успех, работа и единство. БЛАГОДАРАМ, наведува Меља.

На вчерашниот втор круг на гласање за градоначалник, тој , доби поддршка од 4369 граѓани, додека неговиот против кандидат, Рамадан Имери, кој беше независен кандидат, освои 3674 гласови. вт/

Фото: МИА / ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан