• среда, 17 декември 2025

Меѓуресорска работна група во Владата ќе ги разгледува понудите за финансирање на брзата пруга

Меѓуресорска работна група во Владата ќе ги разгледува понудите за финансирање на брзата пруга

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) - На вчерашната затворена седница на Владата е разгледана информација во однос на доставените податоци од страна на меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга и е донесен заклучок да се формира Меѓуресорска работна група во рамки на Владата, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

На барањето доставено од Министерството за финансии одговорија 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка,  јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете женерал, Дојче банка, ЏП Морган, Сити банк, Уни кредит, Каргил и НЛБ и Рајфајзен банка.

Содржината на документацијата која што беше доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки е со нaзнака доверлива (confidential), наведуваат од МФ.са/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан