• понеделник, 15 декември 2025

Меѓународни конференции за одржлив развој „TSD 2025“ на Универзитетот „Мајка Тереза“

Меѓународни конференции за одржлив развој „TSD 2025“ на Универзитетот „Мајка Тереза“

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Универзитетот „Мајка Тереза“ -Скопје денеска и утре е домаќин на меѓународните конференции за одржлив развој „TSD 2025“ што годинава се одржуваат по деветти пат, во рамки на организацијата на третиот конгрес на УМТ.

Конференциите се посветени на различни области – економја, екологија, клима, информатика, технологија ... и со трудови учествуваат претставници од земјава, Турција, Австрија, Косово, Албанија, Србија и од Босна и Херцеговина.

-Универзитетот „Мајка Тереза“ се вклучува како еден вид катализатор, вклучуваме разни амбасади, невладини организации, истражувачи  за да се адресираат овие теми кои се предизвици на денешницата, а истовремено да бидеме и точка за запознавање и вмрежување на сите чинители за утре можеби и да аплицираат со некој проект, изјави ректорот на УМТ Беким Фетаи.

Конференцијата е отворена и за студенти кои, рече ректорот, често имаат многу добри идеи и не знаат како да ги применат и да ги преточат во академски истражуачки труд, а конференциите може да ги поттикнат и за идеи за нивните магистратури и докторати.

Конференцијата се очекува да резултира со заклучоци и препораки и трудовите ќе бидат сублимирани во апстракти кои ќе бидат објавени во стручни списанија и достапни на веб-страницата на УМТ. Тие, рече Фетаи, се споделуваат и со Министерството за образование и наука и со амбасадите кои оваа и во изминатите години се вклучени во конференциите. хс/вг/

Фото: МИА 

Остани поврзан