Меѓународниот параолимписки комитет ја укина делумната суспензијата на Русија и Белорусија
- Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) одлучи да ја укине делумната суспензија на Русија и Белорусија, која беше на сила од почетокот на руската инвазија на Украина, и да ги прими двата национални комитети како полноправни членови на организацијата на своето генерално собрание одржано денеска во Сеул.
Сеул, 27 септември 2025 (МИА) – Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) одлучи да ја укине делумната суспензија на Русија и Белорусија, која беше на сила од почетокот на руската инвазија на Украина, и да ги прими двата национални комитети како полноправни членови на организацијата на своето генерално собрание одржано денеска во Сеул.
Одлуката повторно го отвора патот за руските и белоруските параспортисти да се натпреваруваат под своите национални знамиња на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина (6-15 март 2026 година). Сепак, настапот на шесте зимски параолимписки спортови кои ќе бидат на програмата зависат од меѓународните федерации, кои досега ја немаат променето одлуката за суспензија на руските и белоруските спортисти.
За да се квалификува за Параолимписките игри, секој спортист мора да има активна лиценца за сезоната 2025/26 од нивната меѓународна федерација, во овој случај FIS (параалпско скијање, параскијање, парасноубординг), IBU (парабиатлон) и WPIH (парахокеј на мраз), кои во моментов ги исклучуваат Русија и Белорусија од процесот на квалификации. Светскиот карлинг (карлинг во инвалидски колички) доделува квота на земјата, а не на спортистот, а квалификациите се веќе завршени.
Во првото гласање, делегатите на Генералното собрание на ИПЦ се изјаснија против целосната суспензија на двата национални комитети (115 гласови против, 55 за, со 11 воздржани за Русија и 119 гласови против, 48 за и 9 воздржани за Белорусија). Потоа, донесоа одлука да се укине делумната суспензија на Русија (91 глас за, 77 гласови против, со 8 воздржани) и Белорусија (103 гласови за, 63 гласови против, со 10 воздржани).
Делумната суспензија беше усвоена од Генералното собрание на ИПЦ во есента 2023 година, дозволувајќи им на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат на Параолимписките игри во Париз 2024 година под неутрално знаме и под строги услови на неутралност.
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) претходно ги исклучи рускиот и белорускиот параолимписки комитет од Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година на 3 март, пред церемонијата на отворање на 4 март, која се одржа само неколку денови откако Русија ја почна својата инвазија на Украина на 24 февруари.
Оваа одлука на ИПЦ доаѓа осум денови откако МОК го одобри присуството на руските и белоруските спортисти на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, како што беше случајот и на Игрите во Париз 2024 година, под неутрално знаме и под строги услови на неутралност.ег
ФОТО: Фејсбук