Меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
- Во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска ќе се одржи VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.

Скопје, 28 јуни 2023 (МИА) - Во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска ќе се одржи VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.
Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, на директоркат на Институтот Елена Јованова-Грујовска и на претседателката на МОО Лидија Тантуровска.
На настанот ќе биде промовиран Зборникот од VII мeѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. Промотор ќе биде проф. д-р Лидија Аризанковска. мч/мд/
фото: МИА архива