• среда, 06 ноември 2024

Меѓународна мултимедијална изложба во Галерија „КО-РА“

Меѓународна мултимедијална изложба во  Галерија „КО-РА“

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Уметници од Северна Македонија, Аргентина, Мексико, Нови Зеланд, Канада, Израел, Велика Британија, Холандија, Австрија, Финска, Норвешка, Франција, Словенија, Хрватска и Турција учествуваат на традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго“ и славниот аргентински композитор Астор Пјацола, што од 12 февруари се одржува во салоните на Галерија „КО-РА“ во Скопје.

Изложбата инспирирана од музиката на златниот период на тангото и славниот композитор Астор Пјацола, обединува бројни уметници од разни сфери на уметноста, визуелните уметности, сликарство, графика, дизајн, скулптура, видео, инсталација, реди мејд објекти, рачно изработени дизајнерски предмети, облека и накит, музика, поезија, танц...
 
Изложбата ја отвори историчарката на уметноста Виолета Калиќ, куратор на овој проект,  а отворањето беше проследено со изведба на повеќе дела на гитара од Ангеле Митревски.
 
Традиционално овој мултимедијален проект го одбележува учеството на танчерите од Студиото за танц „Фамилија Тангови“ кои се  непосредна инспирација и за нови ликовни остварувања. Во текот на нивниот танц перформанс ликовната уметница Сарита Конеска ги создаваше цртежите непосредно инспирирани и вдахновени од музиката и танцот.
 
- Целта на овој проект е токму преку уметноста која здружува разнородни изразни форми  да се воспостави континуирана соработка  со уметници од повеќе земји од светот со цел за поширока афирмација на нашата култура и уметнсот во регионот на ЕУ но и надвор. Изложбата која оваа година обедини преку седумдесет учесници  од земјата и од надвор, од петанесет различни земји, и  ја потврди таа мисија која уметноста ја има да ги надминува границите и да здружува разнородни  ентитети, култури  и изразни сензибилитети како  музиката на ова славно танго кое опстојува повеќе од едно столетие како културолошки феномен и ги обединува љубителите на оваа уметност ширум светот како една маркантна и  инспиративна метафора која оставила трага во повеќе сфери на уметноста,а ја одразува таа чудесн хармонија на контасри во толку моќно и ненадејно преобликување  кои ја воспејуваат љубовта, занесот, копнежот, но и болката  и страдањето, преточени во драматичноста на  гестот,  експресијата и суптилната лиричноста едновремено, истакна Виолета Калиќ куратор на овој проект кој ги носи и обединува  насловите на славните танга „Танго Обливион“ ,“Либер Танго“, „Танго Жалузије“,„Танго Нуево“...
 
Помеѓу учесниците на изложбата се м-р Стефан Јакимовски, м-р Зоран Јакимовски, м-р Симона Јакимовска, Решат Амети, м-р Наталија Пулејкова Радеска, м-р Марија Светиева, м-р Билјана Билбилоска,м-р Христина Зафировска,м-р Марија Рашковиќ, м-р Перо Кованцалиев, Зулејха Али Зубери, Љупчо Бојаров, Ангел Димовски Чауш, Афрдите Кики,  Нела Јанковска, м-р Петра Јовановска,  Наим Исени, м-р Славица Танеска, м-р Биљгаип Кочиште Биге,м-р  Борјана Божиновска, м-р Соња Поповска Трајковска, Ивона Велковска, Ангелца Стоиљковиќ, Љубе Алексовски, Ацо Таневски, Росица Лазеска, Верина Николова, Сарита Конеска, Виктор Бранѓолица,  Андријана Андреева, Маја Николовска, Анита Огњановска, Гордана Винчиќ, Мартин Буровски,  Гентијана Уручи,  Петар Кирановски, Ленче Коцевска, Жанета Радевска Спировска, Александра Вељановска, Маја Андонова Јокиќ...Тања Кузманоска, Светлана Пецакова...
 
Од Аргентина со своето дело се претстави Кристина Кари, од Австрија Олга Зминко, од Хрватска Горанка Станиќ, од Финска, Ауне Матила и Паиви Ихамаки, од Норвешка Елфи Свердруп и Матис Матисен, од Турција Зејнап Асли Костепен, од Словенија Слаѓана Матиќ Трстењак, од Израел Естер Каханер, Ронит Корен Илоуз,  Шула Рос, Ариел Сегал, Мири Фројд Мајблум, Тамар Истрин, од Канада Наим Исени, од Франција Верина Николова Соуважон, од Мексико Ингрид Роса, Алисиа де Минер, од Холандија Бикел, од Велика Британија Ванеса Гарсајд, Аурора Анхелика Агињера Диаз де Леон и од Нов Зеланд Лореин Бити.
 
Дел од овој мултимедијален проект се и поетите од повеќе земји, меѓу кои Матис Матисен од Норвешка, Ванда Фуртшегер од Австрија, Јадранка Грос од Австрија, м-р Јасминка Блажевиќ Пауновиќ од Хрватска, како и Ванеса Гарсајд од Велика Британија.
 
Во рамките на овој проект предвидена е музичко поетска вечер  со настапи  на повеќе поети од Северна Македонија, како и интерпретација на стиховите на поетите од другите земји на англиски и на македонски јазик. дма/сп/

Остани поврзан