Меѓународна конференција „Системска корупција - најголемата безбедносна закана“ (во живо)
- Системска корупција - најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“ е темата на 16-та меѓународна научна конференција што во организација на Факултетот за безбедност Скопје, што се одржува денеска во Клубот на пратеници.
Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - „Системска корупција - најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“ е темата на 16-та меѓународна научна конференција што во организација на Факултетот за безбедност Скопје, што се одржува денеска во Клубот на пратеници.
На конференцијата ќе говорат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност - Скопје.
Излагање ќе имаат и експертите од областа: проф. д-р Миодраг Лабовиќ (Факултет за безбедност - Скопје), проф. д-р Углеша Звекиќ (Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал), и проф. д-р Филип Ејдус (Факултет за политички науки - Белград), најави Факултетот за безбдност - Скопје.