• сабота, 20 декември 2025

Меѓународна конференција „Иднината на комуналниот сектор“

Меѓународна конференција „Иднината на комуналниот сектор“

Охрид, 12 јуни 2025 (МИА) - Во Охрид денеска почнува Меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“ што ја организира АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија. 

Конференцијата ќе се фокусира на идните предизвици и можности во областа на комуналните услуги – водоснабдување, отпадни води, енергетска ефикасност и управување со отпад – во контекст на урбанизација, климатски промени и технолошки напредок.

На настанот ќе учествуваат домашни и меѓународни експерти, претставници на јавните претпријатија, институции, донатори и невладини организации. Преку панел-дискусии, презентации и споделување добри практики, конференцијата ќе овозможи креирање визија за трансформација на секторот и зголемување на неговата одржливост и ефикасност. мч/хс/ 

фото: АДКОМ

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан