• четврток, 26 март 2026

Меѓународна конференција за положбата на цивилите на палестинските територии на 7 март во Женева

Меѓународна конференција за положбата на цивилите на палестинските територии на 7 март во Женева

Женева, 1 март 2025 (МИА) - Швајцарија на барање на Генералното собрание на ОН, на 7 март во Женева свика меѓународна конференција за положбата на цивилите на палестинските територии окупирани од Израел, соопшти денеска швајцарското Министерство за надворешни работи.

На конференцијата на високите договорни страни на Четвртата женевска конвенција, Швајцарија ги покани сите 196 земји-членки на Женевската конвенција, изјави неименуван портпарол на министерството.

Учесниците се постојани претставници на високите договорни страни со седиште во Женева.

На 18 септември 2024 година, Генералното собрание на ОН ѝ даде мандат на Швајцарија да ја организира таа конференција и да разговара, врз основа на 4.Женевска конвенција, за заштитата на цивилното население на окупираните палестински територии, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан