• петок, 05 декември 2025

Меѓународна конференција во Битола - „Иновативни библиотечни програми“

Меѓународна конференција во Битола - „Иновативни библиотечни програми“

Битола, 4 јуни 2025 (МИА) -Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, денеска и утре во Битола е домаќин на библиотекари од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, учесници на првата меѓународна конференција на тема „Иновативни библиотечни програми – едукација на корисници и професионално усовршување“.

Конференцијата е фокусирана на улогата на библиотеките во современото општество преку развивање на иновативни програми за едукација на корисниците и професионален развој на библиотекарите, истакна м-р Милка Котевска, координатор на проектот.

-На конференцијата дискутираме за нови трендови и пристапи, размилсуваме критички за улогата на библиотеките во дигиталното време, и секако почнуваме со нови соработки меѓу библиотекарите од Република Македонија и државите во регионот, посочи Котевска.

Во рамки на меѓународната конференција, во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола отворена е изложба од културното наследство на Србија чии автори се Јованка Шоргиќ и Добрила Аскрабиќ од Лазаревац. мт/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан