• недела, 22 декември 2024

Меѓународната конференција за родово-одговорно буџетирање во Охрид

Меѓународната конференција за родово-одговорно буџетирање во Охрид
Скопје, 26 јуни 2022 (МИА) - Меѓународната конференција под наслов „Улогата на граѓанското општество во (родово - одговорно) буџетирање: учество, застапување и отчетност“, во организација на Мрежата за родово – одговорно буџетирање каде носител е Центарот за истражување и креирање политики, канцеларијата на UN Women во Скопје, како и Меѓународното буџетско партнерство, започна денеска во Охрид. Како што информираат организаторите, Конференцијата беше отворена со врачување на признанието за исклучителен придонес во унапредувањето на родовата еднаквост во земјава на Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет на жените во Македонија од страна на Мрежата за родово-одговорно буџетирање и Родовата платформа. Конференцијата утре продолжува со работниот дел и има за цел да се промовираат различните улоги на граѓанското општество во унапредувањето на родовата еднаквост преку користење на родово-одговорни буџетски алатки, размена на искуства помеѓу граѓанското општество, владите и меѓународните организации за ефективни стратегии и пристапи за користење на алатките за родово-одговорно буџетирање со цел ефикасно влијание на јавните политиката и буџетите, како и да обезбеди платформа за вмрежување и градење стратешки партнерства помеѓу граѓанските организации од Европа, Јужна Америка, Северна Америка, Азија и Африка. На конференцијата, која е е финансиски потпомогната од Австриската агенција за развој, Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и Швајцарија, ќе бидат присутни повеќе од 60 претставници од граѓанските организации, институции, експерт(к)и од 18 земји, како и претставници од македонското Министерство за труд и социјална политика. ар/сп/

Остани поврзан