• петок, 23 август 2024

Меѓународен фестивал за хумор, сатира и карикатура ,,Пијанец 2024" вечерва во Делчево

Меѓународен фестивал за хумор, сатира и карикатура ,,Пијанец 2024

Делчево, 23 август 2024 (МИА) - Во организација на Национална установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров" вечерва ќе се одржи Меѓународниот фестивал за хумор ,сатира и карикатура ,,Пијанец 2024". 

Во рамки на настанот ќе биде претставен литературен портрет на афористичарот Васил Толевски, ќе биде претставена Изложба на карикатури од Панде Петровски, додека Изложба на илустрирани програми ќе има младата Софија Ситновска.

Настанот е закажан со почеток во 20 часот во Фоајето на Спомен дом „АСНОМ“ во  Делчево. вс/сст/

 

Фото: НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров" Делчево 

Остани поврзан