Меѓународен состанок на работна група во рамки на COST акцијата
- Во Скопје втор ден се одржува Меѓународниот состанок на групата на европски истражувачи кои заедно работат на зајакнување на гласот на децата во акумулирање на податоци и знаења за злоупотреб
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Во Скопје втор ден се одржува Меѓународниот состанок на групата на европски истражувачи кои заедно работат на зајакнување на гласот на децата во акумулирање на податоци и знаења за злоупотреба и занемарување на деца.
Средбата е во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА, како дел од COST Акцијата, и на неа се разговара за добрите практики во инклузивното истражување со деца и возрасни жртви на детска злоупотреба.
Групата на истражувачи ќе зборува и за унапредување на методологијата за Делфи студијата за добри пракси во вклучување на младите и возрасните кои преживеале детска злоупотреба во истражување и креирање политики за детска заштита. цр/бак/