• петок, 05 декември 2025

Меѓународен конгрес на техничките факултети Science@FEIT

Меѓународен конгрес на техничките факултети Science@FEIT

Скопје, 9 мај 2025 (МИА) - Петтото јубилејно издание на меѓународниот конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје ќе се одржи денеска и утре во организација на факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ).

Свеченото отворање ќе се одржи денеска во DoubleTree by Hilton, а конгресот ќе продолжи утре во просториите на ФЕИТ во Скопје.

Под слоганот „Инженерството ја гради иднината“, Science@FEIT отвора дијалог за улогата на инженерството во современото општество, охрабрувајќи ги младите да размислуваат храбро, критички и интердисциплинарно.

Во рамки на конгресот ќе се одржат предавања за најновите научни и технолошки достигнувања во повеќе области како што се електротехника, телекомуникации, сајбер безбедност, машинско учење, вештачка интелигенција, авијација и слични дисциплини.

Зелената транзиција, идните перспективи на енергетскиот сектор, дигиталната трансформација на општествата и заштита од сајбер закани, ќе бидат темите на панел дискусиите.

Свои излагања на Science@FEIT ќе имаат професори, истражувачи, претставници на институции и на домашни и регионални компании водечки во овие области.

Една од главните цели на Science@FEIT да создаде платформа за поголема соработка помеґу приватниот и јавниот сектор и иницирање на проекти кои ќе ја интензивираат вклучувањето на науката во реални проекти.

На Science@FEIT ќе бидат организирани практични работилници за зајакнување на вештините кај студентите, а ќе има простор за поголемо вмрежување помеѓу студентите и компаниите.

Настанот се одржува со поддршка на JetBrains, Македонски Телеком, Шпаркасе Банка, Infineon Technologies, EVN Македонија, Gerresheimer и Цементарница УСЈЕ. ев/лв/

ФОТО: Плакат 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан