Мешаната двојка на Шпанија го освои златото во брзо одење на Олимпијадата
- Шпанските атлетичари Алваро Мартин и Марија Перез станаа олимписки шампиони во брзо одење штафета во мешани двојки на Игрите во Париз.

Париз, 7 август 2024 (МИА) – Шпанските атлетичари Алваро Мартин и Марија Перез станаа олимписки шампиони во брзо одење штафета во мешани двојки на Игрите во Париз.
Тандемот го помина растојанието од 42,195 километри за 2 часа 50 минути и 31 секунда.
Еквадорците Брајан Даниел Пинтадо и Гленда Морехон освоија сребрени медали со 51 секунда заостанување зад победниците.
Ридијан Каули и Џемима Монтаг од Австралија освоија бронза со 1 минута и 7 секунди заостанување зад шпанската двојка.
Ова е прва трка штафета во мешан тим во историјата на Олимписките игри. зс/
Фото: ЕПА