• четврток, 26 март 2026

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните - отчукува нивното време, сега ние сме на потег

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните - отчукува нивното време, сега ние сме на потег

29 октомври 2025

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните за поддршката и ја опиша кампањата како генерациска борба, се неведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално:

„Скопјани, ви благодарам од сѐ срце неизмерно за целосната поддршка и сите пораки!

Ова е генерациска борба! На сите непривилегирани и отфрлени, сите намачени и потиснати, од семејства со еден родител и семејства кои ја живеат агонијата на ова време кое е наменето за НИВ не за НАС! 

Отчукуваат последните мигови на нивното време, сега сме ние на потег!” - напиша вчера Мециновиќ на социјалните мрежи.

Линк:
https://www.facebook.com/share/p/1BeoEAqwEz/?mibextid=wwXIfr

ПП Левица

Остани поврзан