Мециновиќ: Достоинствени услови за живот на секој жител на Град Скопје
- Тој додава дека заедно со неговиот тим и со сите луѓе кои се приклучија кон ова движење, ги пренесуваат пораките, буквално, до секој скопјанец. Веруваат дека, конечно, под водство на Амар, ќе се случат промени за поквалитетен живот на сите генерации - скопјани со достоинствени услови за живот на секој жител на Град Скопје.
Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Достоинствени услови за живот на секој жител на Град Скопје - порача кандидатот за градоначалник на Скопје, наведува Левица во соопштение кое МИА го пренесува интегрално.
„Сите вие кои ја следите и ја поддржувате оваа кампања, да почнете да агитирате помеѓу вашите најблиски. Многу луѓе не ја знаат уште приказната за ова нашe движење. Затоа, вие кои ги знаете пораките и целите на сè ова, разговарајте со вашите најблиски, со Вашите пријатели, родители, баби и дедовци, за да ја прошириме пораката и заедно да славиме победа“, ваков апел преку видеопорака упатува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.
,,Имаме идеја како сите да ве инволвираме во кампањата. Ова е повик за колективна акција. Следниот петок пред предизборниот молк, го пешачиме Скопје, затоа што сега сме веќе движење и во овој дел од кампањата ќе бидете инволвирани сите вие", повикува Мециновиќ.
Тој додава дека заедно со неговиот тим и со сите луѓе кои се приклучија кон ова движење, ги пренесуваат пораките, буквално, до секој скопјанец. Веруваат дека, конечно, под водство на Амар, ќе се случат промени за поквалитетен живот на сите генерации - скопјани со достоинствени услови за живот на секој жител на Град Скопје.
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Фото: МИА архива