• петок, 22 ноември 2024

Панел-дискусија за закон за сестринска дејност

Панел-дискусија за закон за сестринска дејност

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Унијата на ЗМСТАС, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, ќе информира за одржувањето на трибините со панел-дискусија низ државата на тема „Отворено со сестринството за сестринската дејност“, како најава за работните состаноци со Министерството за здравство и Светската здравствена организација, за поднесување предлог-закон за сестринска дејност.

Меѓу учесниците на денешната трибина, најавени се и доктор Злате Мехмедовиќ, национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита, како и магистер Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За нас“. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан