• четврток, 04 декември 2025

Методија Куновски: Нашата цел е Битола да ја вратиме на вистинскиот пат

Методија Куновски: Нашата цел е Битола да ја вратиме на вистинскиот пат

Битола, 14 октомври 2025 (МИА) - Нема сила што може да не запре, нашата цел е Битола да ја вратиме на вистинскиот пат, истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ Методија Куновски.

На вечерашниот митинг во Битола, Куновски посочи дека на овие избори СДСМ и коалицијата нудат тим со искуство, младост и енергија.

-Битола има потреба од заедништво, ние имаме потреба од заедништво од искуството на оние што го граделе овој град и од енергијата на оние што се подготвени да го водат напред. Битола чекори во провалија, застана, замолкна и се изгуби духот на градот. Имаме власт која зборува многу, а прави малку, власт која неслуша туку се правда зошто не направила, власт која општината ја претвори во затворен круг на неколку луѓе. Нема сила што може да не запре затоа што нашата цел е Битола да ја вратиме на вистинскиот пат, посочи Куновски.

Пред членовите и симпатизарите на опозициониот СДСМ и коалицијата, Куновски истакна дека Битола заслужува нова власт која ќе обединува.

-Градот тоне во хаос, инфрструктурата пропаѓа, а младите заминуваат не затоа што сакаат, туку затоа што не гледаат перспектива. Битола заслужува власт што обединува, а не дели. Нашиот тим има искуство и знаење, младост и енергија, мудрост и младешки занес. Ние имаме луѓе што одвнатре ја знаат Битола, имаме програма што ќе ги реши реалните проблеми, другите ветуваат а ние планираме, другите молчат а ние зборуваме во ваше име. Оваа борба е за достоинството на Битола за да се врати гордоста, културата, духот на најградскиот град во Македонија. Време е за пресврт, време е вистинско лидерство, ние сме тие што ќе направат промени, а Битола ќе стане град во кој што човекот е најважен, посочи Куновски.

На предизборниот митинг на СДСМ и коалицијата беа претставени кандидатите за членови на Советот на Општина Битола и носителот на листата кандидати за советници Петар Николовски. мт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан