Метеороид прелета над САД со благ, но морничав татнеж
- НАСА, т.е. огранокот „Метеор воч“ на Фејсбук објави дека околу стотина луѓе можеле да го видат метеоритот. Се работи за вселенско тело со маса од околу 10 килограми и дијаметар од шест сантим
Монпеље, 10 март 2021 (МИА) - Над северната американска сојузна држава Вермонт во неделата приквечер е забележана огнена топка. Таа прелетала и над делови од Канада, со брзина од околу 67.000 километри на час.
Американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА, т.е. огранокот „Метеор воч“ на Фејсбук објави дека околу 17:38 часот по локално време, околу стотина луѓе можеле да го видат метеоритот. Се работи за вселенско тело со маса од околу 10 килограми и широко шест сантиметри. Тоа е, всушност, метеороид кој влегол во атмосферата на Земјата. Кога тоа камче навлегува во атмосферата, остава многу јасна трага на светлост, па затоа е наречено огнена топка.
Сознанијата на НАСА говорат дека, многу веројатно, станува збор за карпа откршена од астероид.
„Веројатно постоело силна фрагментација на вселенска карпа, по што воздушниот притисок при експлозија или распаѓањето на астероидот го упатило тој дел од него кон Земјата. Бранот предизвикан од воздушниот притисок може да предизвика и помали потреси (на Земјата). Во основа, ние имавме, благодарение на Мајката Природа, убав мал огномет“, напишаа од агенцијата.
Жители на гратчето Бурлингтон изјавија дека почувствувале благ, но морничав татнеж. си/паг/