• вторник, 24 декември 2024

Мета: Одлуката на судот во Рим да го поништи пактот Рама-Мелони го урна и Уставниот суд на Албанија

Мета: Одлуката на судот во Рим да го поништи пактот Рама-Мелони го урна и Уставниот суд на Албанија

 Тирана, октомври 2024 (МИА) - Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, преку објава на социјалните мрежи оценува дека „одлуката на судот во Рим да го поништи миграцискиот договор Рама-Мелони, го урнала  и Уставниот суд во Албанија, кој договорот го оцени во согласност со Уставот“.
-Одлуката на Судот во Рим да го поништи миграцискиот договор Рама-Мелони го урна и Уставниот суд на Албанија, како институција узурпирана од Еди Рама, која ги прекршува Уставот, Европската конвенција за човекови права, меѓународните закони и договорите за бегалците, напиша Мета на Х.

Во посебна реакција неговата партија бара „членовите на Уставниот суд, кои, овој договор, кого го оспори опозицијата, го прогласија законски треба веднаш да си поднесат оставки“.

-Уставните судии веќе не можат да судат, ниту можат да имаат јавен кредибилитет во спроведувањето на стандардната правда што тие самите ја споменуваат во секоја одлука што ја носат. Веќе е факт дека оваа институција, формирана да го штити Уставот и неговите принципи, го крши со истата жестокост како и Еди Рама, рече генералниот секретар Теди Блуши, пренесувајќи ја партиската реакција.
Меѓу другото, тој рече дека Партијата на слободата ја поздравува одлуката на независниот суд во Рим со која „се потврдија сите загрижености објавени во јавноста во врска со овој договор, кој го нарушува суверенитетот на Република Албанија“.  вт/

Остани поврзан