Мета: Горд сум на својата апсолутна кохерентност
- Албанскиот претседател Илир Мета, пред одлуката што в понеделник се очекува да ја донесе Уставниот суд во врска со неговото разрешување, во објава на социјалните мрежи вели дека е горд на с
Тирана, 5 февруари 2022 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета, пред одлуката што в понеделник се очекува да ја донесе Уставниот суд во врска со неговото разрешување, во објава на социјалните мрежи вели дека е горд на својата апсолутна кохерентност, јави дописничката на МИА од Тирана.
- Мојата кохерентност беше апсолутна за демократијата, плурализмот, европските интеграции и заштитата на Уставот, што никогаш не може да се измени без референдум, наведува Мета.
Покрај другото тој пишува дека отсекогаш им служел на овие многу значајни столбови, „кои се поврзани со интересот на сите албански граѓани", за што е многу горд.
Денеска тој објави и видео на Фејсбук во кое вели дека никогаш нема да ги предаде неговите поддржувачи и Албанците.
- Никогаш нема да ги предадам моите поддржувачи и Албанците. Подобро да си предаден отколку да си предавник, предавникот секој го користи, но никој не го сака, наведува Мета.
Уставниот суд в понеделник треба да донесе одлука околу уставноста на одлуката за негово разрешување, што албанскиот Парламент ја донесе на почетокот на јуни минатата година. вт/паг/