• понеделник, 23 декември 2024

Металург по втор пат убедливо поразен од Висла Плоцк

Металург по втор пат убедливо поразен од Висла Плоцк
Висла, 16 февруари 2021 (МИА) – Во отсуство на голем број повредени и заразени ракометари со коронавирус, екипата на Металург вечерва го претрпе и вториот убедлив пораз на гостувањето во Полска кај Висла Плоцк со 35:20 (16:10), во рамки на Групата А во ракометната Лига Европа. Металург, кој во неделата беше поразен од истиот противник со 39:18, за вечерашниот дуел имаше на располагање само десет ракометари, меѓу кои се истакна младиот репрезентативец Мартин Серафимов со осум погодоци. Полскиот вицешампион очекувано лесно стигна до седмата победа во исто толку натпревари во групната фаза, одвојувајќи се резултатски уште на самиот почеток со предност од 6:1. Металург пружи солиден отпор во првиот дел, по што Висла Плоцк со серија од 5:0 на почетокот на вториот дел стигна до двоцифрена предност (22:12), која до крајот на натпреварот константно ја зголемуваше за конечни 35:20. Со еден бод од шест натпревари, Металург е последнопласиран во групата А пред следниот дуел против Чеховски Медведи, в сабота во Скопје. ег/аа/

Остани поврзан