Метална конструкција се урна на градилиште во Јужна Кореја, се трага по двајца работници
- Двајца работници се водат како исчезнати и се стравува дека се затрупани по уривање на метална конструкција на градилиште каде се гради објект за идна библиотека во Јужна Кореја, соопштија локалните власти.
Сеул, 11 декември 2025 (МИА) -Двајца работници се водат како исчезнати и се стравува дека се затрупани по уривање на метална конструкција на градилиште каде се гради објект за идна библиотека во Јужна Кореја, соопштија локалните власти.
Трет работник бил спасен, но е во безсознание и итно е пренесен во болница, соопшти противпожарната служба.
Според локалните власти, несреќата се случила во моментот кога работниците истурале бетон на градилиштето. ссм/ми/
фото: ЕПА