• среда, 27 ноември 2024

МЕСФ со повик до заинтересираните да се пријават за националната селекција за еЕуро2021

МЕСФ со повик до заинтересираните да се пријават за националната селекција за еЕуро2021
Скопје, 29 декември 2020 (МИА) - Македонската Еспорт Федерација и Фудбалската федерација на Македонија објави повик до сите заинтересирани да се пријават за националните претквалификации за „eEURO 2021“ квалификациите на УЕФА. - Пријавувањето почнува на 4 јануари 2021 година и ќе трае до 1515 јануари 2021 година. За секој што сака да учествува, деталите се објавени на веб страните на ФФМ и МЕСФ. -Организацијата на квалификациите е дел од Меморандумот за соработка помеѓу ФФМ и МЕСФ, кој опфаќа соработка помеѓу двете најважни споредни работи-фудбалот и гејмингот. Наша заедничка мисија ќе биде промоција на одговорен и здрав гејминг пред се. Еспортот е веќе глобално прифатен во повеќе од 50 држави во светот, а соработката со ФФМ е огромно искуство за нашата федерација, изјави Бобан Тотовски, Претседателот на МЕСФ. Задоволство од Соработката со МЕСФ изрази генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. - Оваа година бевме соочени со многу неочекувани предизвици од пандемијата со КОВИД-19 која го погоди светот, а имаше особено влијание врз фудбалските настани насекаде. Ние како федерација ги вложивме сите напори да бидеме позитивен пример и да изнајдеме начини да го промовираме фудбалот на теренот, но и виртуелно. Затоа сметаме дека оваа соработка со Македонската Еспорт Федерација е важен чекор кон зближувањето на љубителите на фудбалот од двете страни на екранот. За нас ова ќе биде второ учество во еЕУРО квалификациите на УЕФА, но за прв пат националните учесници ќе се бираат локално, на турнир организиран кај нас. Целта е најдобрите учесници да не претставуваат во квалификациите, и сигурен сум дека го избравме вистинскиот пат. „еЕуро2021“ е дигитална верзија на Европското првенство во фудбал и се игра исклучиво на насловот од Конами, ProEvolution Soccer. Во квалификациите на еЕуро, учество ќе земат 55 држави од Европа. зс

Остани поврзан