• четврток, 21 ноември 2024

Меси треба да остане во Интер и покрај неуспехот во плеј-офот

Меси треба да остане во Интер и покрај неуспехот во плеј-офот

Мајами, 13 ноември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, се очекува да остане во МЛС тимот до крајот на неговиот договор во 2026 година поради претстојното Светско првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, објави „Талкспорт“.

Според изворот, и покрај елиминацијата на тимот од Флорида од плеј-офот на американската МЛС лига оваа сезона, Меси сака да продолжи да учествува во успешниот проект на сопственикот на клубот Дејвид Бекам. Самиот светски шампион од СП 2022 во Катар најави дека тимот има амбиции да се претстави подобро следната сезона, што само по себе значи дека и самиот се подготвува за нови успеси со „чапјите“.

Меси му се приклучи на Интер Мајами во летото 2023 година како слободен играч откако го напушти Пари Сен Жермен како слободен играч. За тоа време, Аргентинецот одигра 39 натпревари за тимот од Флорида, во кои постигна 34 гола и 19 асистенции и освои два трофеи - Лига купот, како и „Сапортерс Шилд“, кој се доделува на победниците на конференциите по завршувањето на регуларниот дел од сезоната. дс

Фото: Архива

Остани поврзан