• четврток, 26 март 2026

Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС

Меси осамен на врвот на листата голгетери во МЛС

Њујорк, 25 септември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна два гола ноќеска во победата од 4:0 на гостувањето кај Њујорк Сити ФК.

Ова беше дуел од 31.коло во американската МЛС-лига.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец со овие два погодока стигна до 24 и се одвои на врвот на листата стрелци.

Зад Меси се наоѓаат Денис Буанга од Лос Анџелес со 22 и Сем Сариџ од Нешвил со 21 гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан