• понеделник, 23 декември 2024

Меси купи 35 златни ајфони за играчите и тренерите на Аргентина

Меси купи 35 златни ајфони за играчите и тренерите на Аргентина

Париз, 2 март 2023 (МИА) - Напаѓачот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси купи 35 златни ајфони за играчите и тренерите на националниот тим.

Бенџамин Лион, шеф на компанијата за уредување телефони „Indesign Gold“, рече: „Беше чест да му доставам 35 златни „iPhone 14“ на Меси. Ги нарача за соиграчите и стручниот штаб како подарок за победата во финалето на Светското првенство“.

На задната страна на секој телефон се имињата и броевите на репрезентативците на Аргентина.

- Лионел не контактираше неколку месеци по финалето на Светското првенство. Тој рече дека би сакал да им подари посебен подарок на сите играчи и стручниот штаб за да ја прослават нивната убава победа, но не сакаше да подари нешто обично како часовник. Предложив златни iPhone-и со бројки, а идејата му се допадна на Лео, изјави Лион за „Сан“.

Триесет и петгодишниот Аргентинец потрошил околу 200 илјади евра за овие подароци.

Аргентина го освои Мундијалот по трет пат, претходно до трофејот стигна во 1978 и 1986 година. зс/

Фото: Indesign Gold

Остани поврзан