• петок, 22 ноември 2024

Месиќ прогласен за почесен граѓанин на Призрен

Месиќ прогласен за почесен граѓанин на Призрен
Приштина, 19 јули 2022 (МИА) – Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ е прогласен за почесен граѓанин на косовскиот град Призрен, поради тоа што, како што се наведува во одлуката на тамошното општинско собрание, е докажан пријател и поддржувач на независно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на службата за информирање на општина Призрен, се наведува дека Месиќ е „незаменлив пријател, беспримерен придонесувач, извонредна личност и политичар кој остави трага во историјата на Балканот и во поддршката на албанскиот народ“. - Затоа денеска се собравме сите заедно за да одадеме почести на една извонредна личност каква што е претседателот Стјепан Месиќ и уште еднаш да му одадеме признание во името на нашиот народ, за сето она што тој го направи за Албанците, секаде каде што се тие, изјави по тој повод призренскиот градоначалник, Шаќир Тотај. Месиќ, се наведува во соопштението, се заблагодарил на Тотај и на граѓаните на Призрен за честа која му е укажана и порачал дека со ова уште повеќе ќе се зајакнат неговите врски со косовските граѓани. иа/ми/

Остани поврзан