• петок, 05 декември 2025

Мерц ќе отпатува за Вашингтон на средба со Трамп

Мерц ќе отпатува за Вашингтон на средба со Трамп

Берлин, 31 мај 2025 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц на 5 јуни во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, најави денеска портпаролот на германската Влада.

Портпаролот Стефан Корнелиус наведе дека Мерц и Трамп, помеѓу другото ќе разговараат и за војната во Украина, одговорот на НАТО на растечките надворешни закани, ситуацијата на Блиски Исток и трговскиот спор меѓу САД и Европска Унија.

Мерц од 6 мај, кога ја презеде функцијата, со Трамп телефонски разговараше неколку пати. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан