• петок, 05 декември 2025

Мерц: Германија ќе престане да објавува детали за воената помош за Украина

Мерц: Германија ќе престане да објавува детали за воената помош за Украина

Киев, 10 мај 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека германската Влада ќе престане да објавува детали за воената помош за Украина. 

„Под мое водство, дебатата за испораките на оружје, калибарот, системите за оружје и така натаму, ќе биде далеку од очите на јавноста“, рече Мерц во Киев. 

Извори претходно за Ројтерс изјавија дека јавните информации за испораката на системи за оружје за Украина ќе бидат намалени за да се спречи Русија да стекне каква било стратешка предност. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан