• петок, 22 ноември 2024

Мерцедес не ја затвора вратата за Верстапен и Леклер

Мерцедес не ја затвора вратата за Верстапен и Леклер
Бракли, 17 февруари 2020 (МИА) - Сè додека имаме доволно брз автомобил, што е нашата цел, ќе можеме да избираме пилоти, кои сакаме Ова го објави шефот на Мерцедес, Тото Волф и со тоа ја остави вратата отворена за евентуално вклучување на Макс Верстапен и Шарл Локлер во иднина, иако сега и двајцата млади пилоти се обврзани со долгорочни договори со Ред Бул и Ферари. - Би бил изненаден доколку двајцата гарантирале да останат во своите тимови 5 години и ја затворат вратата на другите екипи. Честопати договорите се многу покомплексни отколку што се претставува во медиумите, рече Волф, дефинитивно навестувајќи дека и двајцата имаат клаузули што им овозможуваат да заминат рано. Луис Хамилтон и Валтери Ботас остануваат со „сребрените стрели“ претстојната сезона, а Британецот се очекува повторно да потпише за уште најмалку 2 години, додека иднината на Финецот не е сигурна. - Сè додека имаме доволно брз автомобил, што е нашата голема цел, ќе бидеме во ситуација што ќе ни овозможи да ги избираме пилотите. Имаме и некои млади и перспективни играчи, како што се Џорџ Расел и Естебан Окон, кои исто така се исклучително брзи и ние сме многу задоволни од нив, додаде тој.

Остани поврзан