Мерцедес на 18 февруари ќе го претстави новиот болид
- Новиот болид на Мерцедес го доби името W13.

Лондон, 18 јануари 2022 (МИА) – Болидот за новата сезона во Формула 1 на екипата Мерцедес ќе биде промовиран на 18 февруари, а истиот ден ќе биде извршено и пробното тестирање.
Новиот болид на Мерцедес го доби името W13.
Мерцедес минатата сезона ја освои титула во серија во конкуренција на конструктори.
Новата сезона во Формула 1 стартува на 20 март со трката за Големата награда на Велика Британија, а за Мерцедес ќе возат Луис Хамилтон и Џорџ Расел. ег/