• недела, 22 декември 2024

Мерко: Ќе продолжиме да инвестираме во младите да останат во Струга, на своите огништа

Мерко: Ќе продолжиме да инвестираме во младите да останат во Струга, на своите огништа
Струга, 15 октомври 2021 (МИА) – ДУИ секогаш стоела зад младите, ќе продолжиме и понатаму да инвестираме во нив, тие се нашата иднина, порача од Лабуништа кандидатот за градоначалник на Општина Струга од оваа партија, Рамиз Мерко. Барајќи ја поддршката од лабуништани, но и од жителите од околните населени места својот глас на локалните избори, в недела да го дадат за него и советничката листа на ДУИ предводена од Арбереша Влаши, Мерко се осврна на дел од реализираните проекти во општината. Тој се осврна на затекнатата состојба во училиштата и блокираните сметки кога дошол на местото градоначалник во 2017 година, нагласувајќи дека, доколку добие нов мандат ќе продолжи да инвестира во младите - Ние ќе стоиме зад сите овие млади додека нашето искуство не се сплоти врз нив. Во 2017 година ги затекнав сите училишта со блокирани сметки. Сите се жалеа немаше креда, немаше средства за чистење, неплатена струја, греење, транспорт.... Со помош на Советот исплативме 2,5 милиони евра. Обезбедивме одлични услови во училиштето во Лабуништа за децата да се образуваат. Ќе продолжиме да инвестираме во младите затоа што само со учење ќе одиме напред, рече Мерко. За идните проекти рече дека не сака да се задржува, бидејќи, според него, ги има многу и се напишани во програмата, што е достапна за сите граѓани, но, нагласи дека ќе продолжат да инвестираат во Струга, Лабуништа и сите останати места за младите да останат во својот дом, на своите огништа. - Тука е нашето родно местото, тука ќе направиме Швајцарија, Словенија, Хрватска. Имаме услови младите да ни останат тука, подвлече Мерко, посочувајќи дека позитивната бизнис клима ќе продолжи и во иднина и секој што има можност ќе може да инвестира. сс/мс/

Остани поврзан